The Glass Menagerie at Akademska Scena, FDA-Skopje

11 Sep

author: Bela Gligorova

(Review from March, 2008)

One of the things that I have always admired in a Tennessee Williams’ play is the playwright’s ability to carry through a plausible dramatic situation, while simultaneously delving into a second level of meaning, that of symbolic significance.

Continue reading 

Tags: , , , , , , , , ,

Кога главните двигатели на креативноста се анонимуси – „Мириси цимета“ и минатата драмска сезона во Белград

2 Sep

автор: Бела Глигорова

Умешноста на театарскиот запис, денес, во екот на семожното, чинам се состои од одсуство на истото. Им се радуваме на едноставните решенија, без многу помпа и  претенциозна театралика. Ги наградуваме  сите оние изведувачи и постановки кои што постојат токму заради една доследна идеја, еден импетус за креација и приказ. Бараме доследност без претерана повторливост, живост без цикличност, игривост во сукцесија. Можеби наједноставно речено, очекуваме чудо без претерани миракули, меѓу две завеси.

Continue reading 

Tags: , , , , , ,

Зошто пак да не?

10 Aug

(Став)

автор: Бела Глигорова

Не е проблем „Покондирана тиква“, тој чувен текст на Стерија, во впечатлива изведба на ансамблот на Народно Позориште од Белград, а маестрално спакувана од Јагош Марковиќ. Не е проблем тоа што претставата е „стара“ веќе неколку сезони. Таа е вонвременска, и на публиката во Охрид, на 13-ти јули му донесе свеж театарски ветрец, каков одамна не сме виделе. Continue reading 

Tags: , , , , , , , , , , , , ,

„Мистер Грим“ – Младински театар „Арт А“

21 Jun

автор: Милош Б. Андоновски

Аматер  сум во дефинирање, а „аматерствувам“  со години наназад. Дури на 28ми мај, годинава, ми светна да се обидам да дадам една аматерска дефиниција за самиот поим аматер, аматеризам. Continue reading 

Tags: , , , , , ,

„Кавкаски круг со креда“, претстава-чудовиште

4 Jun

автор: Александар Војнески

Не зјапајте романтично.
Б.Брехт, Тапани во ноќта

…не примајте го
она што постојано се случува како природно!(…)
ништо нека не се нарекува природно
во ова време на крвав метеж(…)
ништо нека
не важи за непроменливо.
Б. Брехт

Иако своите први драми Бертолт Брехт ги пишува во Германија во текот на 20-тите години од минатиот век, неговата популарност и влијание ќе дојдат до израз многу подоцна. Неговите теории за сценската изведба се она што во суштина ќе биде највлијателно во определување на еден нов дискурс во сферата на драмската уметност и театарот. Брехт гради еден сосема опозитен концепт од оној на Станиславски и неговото сфаќање за театарот, како и целосно превреднување на она што беше поимано и дефинирано како аристотеловски театарски концепт. Continue reading 

Tags: , , , , , ,

Премиера на „Ангели во Америка“ во Драмски театар-Скопје

18 May

автор: Ана Јакимска

Кога гледањето на една претстава ќе успее да ве разочара во очекувањето дека изјавата со која режисерот Џеред Џ. Стејн непосредно пред премиерата објавува дека Ал Пачино е речиси толку добар во една од улогите колку Диме Илиев, е најбесмисленото нешто со кое ќе треба да се соочите таа вечер, тогаш можете да бидете сигурни дека ангелите не дошле во Скопје. Continue reading 

Tags: , , , , , , , ,

Критика на „Игра“ базирана на раскази од Д. Хармс

18 May

автор: Милош Б. Андоновски

Младински Културен Центар, Скопје, 22.12.2009

Во прилично ладната, а со топли бои „премачкана” театарска сала (на Младинскиот културен центар во Скопје), на стуткано „сцениче” беа „овековечени” (порадо би рекол со апаратите на публиката во предните седишта, заради способноста на театарот да “тече” низ времето) расказите на автор „кој пишува само кога е празник”.

Continue reading 

Tags: , , , , , , ,

Follow

Get every new post delivered to your Inbox.